ОН немаат позиција во врска со суверенитетот и надлежноста на земјите членки во морињата

Грција во писмото изнесува дека Турција наводно го прекршила Меѓународното поморско право поради што упати повик за свокување состанок на СБ на ОН

1321961
ОН немаат позиција во врска со суверенитетот и надлежноста на земјите членки во морињата

ОН соопштија дека немаат заземено никаква позиција во врска со суверенитетот, суверените права и надлежностите на земјите членки во морињата.

Фархан Хаг портпаролот на ОН, во врска со потпишувањето на договорот за поморските надлежности меѓу Турција и Либија рече дека ОН немаат никаква позиција во однос на суверенитетот, суверените права и надлежноста на земјите членки во морињата. Во врска со затворените и полузатворените зони, треба да се земат во предвид интересите на третите страни.

Хаг на дневната прес конференција упати повик до страните за продолжување на дијалогот во врска со чувствителните прашања како и напорите за мировните преговори во врска со разликите во погледите.

Од друга страна Грција испрати писма до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и американскиот постојан претставник во ОН и привремен претседател на СБ на ОН за декември Кели Крафт во кое поднесе жалба против Турција.

Грција во писмото се жали дека Турција наводно го прекршила Меѓународното поморско право поради што упати повик за свикување итен состанок на СБ на ОН.

На 27 ноември меѓу Турција и Владата на меѓународен консензус на Либија беше потпишан Меморандум за разбирање во врска со ограничување на поморските овластувања, кој произлегува од меѓународното право и има за цел да се заштитат правата на двете земји.

Меморандумот за разбирање кој беше потпишан меѓу Турција и Либија а врз основа на одлуката на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се предвидува на сила да стапи на 8 декември.



Слични вести