Еспер: Турција во голема мера ја воспостави стабилноста во североисточниот дел на Сирија

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер истакна дека ситуацијата во североисточниот дел на Сирија во основа е стабилна и рече: „Моето мислење е во насока на тоа дека Турција во голема мера ја воспостави стабилноста во североисточниот дел на Сирија"

1321910
Еспер: Турција во голема мера ја воспостави стабилноста во североисточниот дел на Сирија

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер и началникот на Генералштабот на САД генерал Марк Мејли дадоа изјава на седницата под наслов "Сириската политика на САД" пред Комитетот за вооружени услуги на Претставничкиот дом. 

Марк Еспер рече: „Ние со Курдите и особено со Демократските сили на Сирија СДФ (чиј 'рбет го сочинува ПЈД, сирискиот огранок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК) се ракувавме за да ја победиме терористичката организација ДЕАШ. Ние не им ветивме помош за да формираат автономна курдска држава. Со нив не се ракувавме за поддршка за да војуваат против Турција.“

Нагласувајќи дека ситуацијата во североисточниот дел на Сирија во основа е стабилна, Еспер рече: „Моето мислење е во насока на тоа дека Турција во голема мера ја воспостави стабилноста во североисточниот дел на Сирија."

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер го нагласи и тоа дека Турција и САД располагаат со различни погледи по прашањето на приоритетите во Сирија и ја изнесе следната констатација: „Од последните разговори коишто ги остварив со Турците разбрав дека нивниот приоритет број еден се курдските терористи (ЈПГ/ПКК). Тие се загрижени дека ПКК ќе влезе во Турција и ќе реализира напади против турскиот народ. Освен тоа Турците се загрижени и од состојбата на 4 милиони бегалци кои ги згрижуваат и од тоа уште колку би можела да продолжи оваа состојба.“

На еден пратеник кој застана во одбрана на тоа дека со повлекување од Сирија „Курдите се оставени сами и тоа ќе ја отежне работата со локалните партнери во иднина“, американскиот секретар за одбрана Марк Еспер одговори со следните зборови: „Ние со Курдите и особено со Сириските демократски сили (СДФ) се ракувавме за да ја победиме ДЕАШ. Ние не им ветивме помош за да формираат автономна држава. Со нив не се ракувавме за поддршка за да војуваат против Турција. Основната разлика е таа.“ 

Откако пак, Еспер наведе дека Сириските демократски сили (СДФ) беа сценарирани во времето на претходниот претседател Барак Обама, претседателот на Комитетот Адам Смит не му дозволи на американскиот секретар за одбрана да продолжи и ја заврши седницата. 



Слични вести