Билансот на жртвите во минатонеделниот пожар во еден колеџ во Украина се искачи на 16 лица

Во објавеното соопштение од Државната служба за итни состојби се истакнува дека во пожарот што се појави минатата недела во еден колеџ во Одеса досега животот го загубија 16 лица

Билансот на жртвите во минатонеделниот пожар во еден колеџ во Украина се искачи на 16 лица

Бројот на загинатите во пожарот што избувна минатата недела во еден колеџ во градот Одеса во Украина, се зголеми на 16 лица.

Во објавеното соопштение од Државната служба за итни состојби се истакнува дека во пожарот што се појави минатата недела во еден колеџ во Одеса досега животот го загубија 16 лица.

Вчера беше соопштено дека бројот на жртвите во пожарот изнесува 13 лица, а 30 лица се повредени.

Како што беше соопштено пожарот избувнал на третиот кат, од вкупно шест ката, на колеџот за економија, право и туризам во Одеса.



Слични вести