Во вооружена престрелка во сојузната држава Њу Џерси, во САД загинаа 6 лица

Во вооружена престрелка во градот Џерси Сити, во сојузната држава Њу Џерси, во САД загинаа вкупно 6 лица од кои еден полицаец, двајца осомничени лица и тројца цивили

1321222
Во вооружена престрелка во сојузната држава Њу Џерси, во САД загинаа 6 лица

Во вооружена престрелка во сојузната држава Њу Џерси во Соединетите Американски Држави (САД) загинаа 6 лица од кои еден полицаец. 

Според веста на новинската Агенција Анадолија (АА) ослонувајќи се на добиени информации од еден анонимен полициски службеник, до вооружената престрелка дошло по проблем којшто се појавил за време на купопродажба на опојни дроги, а во која се приклучиле и тимовите за борба против опојни дроги.

Притоа во вооружената престрелка загинаа вкупно 6 лица од кои еден полицаец, двајца осомничени лица и тројца цивили.

Поради ебзбедносни причини се затворени влезовите и излезите за 12 училишта во околината на инцидентот, а полицијата ги зеде под безбедносен обрач и околните работни места и домовите.

Вооружената престрелка траеше приближно еден час.

Американските безбедносни сили преку социјалната медија предупредија да се стои далеку од областа на вооружената престрелка.

Исто така и американскиот претседател Доналд Трамп во објавата што ја сподели синоќа на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Бев информиран во врска со страотната престрелка во Џерси Сити. Нашите молитви во ова тешко и трагично време се за жртвите и нивните семејства. Додека им помагаме на локалните и сојузните надлежни служби во областа, продолжуваме да ја следиме и ситуацијата.“



Слични вести