Во напад во близина на воздухопловната база на САД Баграм, во Авганистан се ранети 50 лица

Кајмакамот на населеното место Баграм во провинцијата Парван Абдул Шуќур Кудуси, истакна дека цел на напаѓачот со возило бомба бил здравствениот центар во близина на воздухопловната база Баграм при што се ранети 50 лица

1321639
Во напад во близина на воздухопловната база на САД Баграм, во Авганистан се ранети 50 лица

Во реализиран напад со возило бомба во близина на воздухопловната база на воените единици на САД Баграм во близина на главниот град на Авганистан, Кабул, според првични информации, се ранети 50 лица.

Кајмакамот на населеното место Баграм во провинцијата Парван Абдул Шуќур Кудуси, истакна дека цел на напаѓачот со возило бомба бил здравствениот центар во близина на воздухопловната база Баграм.

Кудуси информира дека во нападот, според првични информации се ранети 50 лица, а во експлозијата се оштетени и голем број куќи.

Очевидци пак, соопштуваат дека по нападот се слушале и пукотници од областа.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести