Утре почнува првиот Лидерски самит на новото раководство на ЕУ кое стапи на должност на 1 декември

На Самитот којшто ќе се одржи на 12 и 13 декември (утре и задутре) ќе учествуваат шефовите на држави и претседателите на влади на земјите членки на Европската унија (ЕУ)

1321747
Утре почнува првиот Лидерски самит на новото раководство на ЕУ кое стапи на должност на 1 декември

Утре во главниот град на Белгија, Брисел, ќе се состанат лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) кои ќе разговараат за бројни прашања како што се животната средина (екологијата), климатските промени, надворешната политика, Брегзит (излезот на Велика Британија од Унијата), економски прашања и сл.

На Самитот којшто ќе се одржи на 12 и 13 декември (утре и задутре) ќе учествуваат шефовите на држави и претседателите на влади на земјите членки на Европската унија (ЕУ).

Овој прв Лидерски самит на новото раководство на Европската унија (ЕУ) кое стапи на должност на 1 декември ќе се одржи под претседателство на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со учество на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен.



Слични вести