Под сенката на бурни критики и реакции доделени Нобеловите награди за 2019 година

Годинашната церемонија помина под сенката на скандалозната одлука на Кралската академија за науки на Шведска за доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке кој ги брани воените злосторници

1321371
Под сенката на бурни критики и реакции доделени Нобеловите награди за 2019 година

Нобеловите награди за 2019 година се доделени во Концертната куќа во главниот град на Шведска, Стокхолм, под сенката на бурни критики и реакции.

Годинашната церемонија помина под сенката на скандалозната одлука на Кралската академија за науки на Шведска за доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке, кој инаку е познат по тоа што го негира извршениот геноцид во јули во 1995 година во Сребреница и ги брани српските воени злосторници.

Турција, Косово, Албанија, Хрватска, Северна Македонија, како и некои други земји во знак на протест против оваа одлука не учествуваа на церемонијата на доделување на овогодишните Нобелови награди.

Австрискиот писател Петер Хандке на кого му е доделена годинашната Нобелова награда за литература е познат по тоа што го негира извршениот геноцид во Босна и Херцеговина и во секоја пригода го истакнува своето восхитување кон поранешкиот српски лидер Слободан Милошевиќ, извршител на воени злосторства и злосторство против човештвото.

На ваквата одлука на Нобеловиот комитет пристигнаа бурни реакции и критики од сите страни на светот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така покажа остра реакција на ваквата одлука и го рече следното: „Срамно е да се доделува награда на една личност која штити и фали еден убиец кој ја пролеа крвта на муслиманите.“

Претседателот Ердоган истакна дека ги повикуваат сите умни и совесни луѓе да реагираат против скандалот на доделувањето на Нобеловата награда на австрискиот писател Петер Хандке.

Тој нагласи дека оваа награда само ќе ги охрабри непријателите на исламот и човештвото и рече: „Оние кои ни држеа лекции по демократија и право на црвен тепих ги пречекаа терористите и диктаторите.“

„Ги повикуваме сите умни и совесни луѓе да реагираат против овој скандал“ - порача претседателот Ердоган.

Одлуката за доделување на Нобелова награда на австрискиот пистаел Петер Хандке кој го негира геноцидот во Босна, беше критикувана и од страна на новинарите кои беа на задача за време на војната во Босна и Херцеговина.

Исто така голем број новинари и академици кои се собраа во главниот град на Шведска Стокхолм, побараа да му се одземе Нобеловата награда на Хандке. 

Кристин Доктаре, шведската докторка и новинарка која беше на задача и за време на војната во Босна и Херцеговина, од Стокхолм  порача дека ја враќа Нобеловата награда за мир, која ја доби во 1988 година како членка на мировните сили на Обединетите нации (ОН).

„Додека живеам ќе сведочам за да вистината за ужасната војна никогаш не биде негирана" -изјави Доктаре пред неколку стотици граѓани, меѓу кои беа и мајките на Сребреница и поранешни логораши.

Доктаре рече дека била горда на Шведската академија на науките и уметностите, меѓутоа  додаде дека сега чувствува срам и вина.

На доделувањето на Нобелова награда на Хандке покажа остра реакција и проф. д-р Азиз Санџар, добитник на Нобела награда за хемија.

Азиз Санџар рече: „Постои една слика со подредени ковчези покриени со зелени платна на шехидите (загинатите) во геноцидот во Сребреница. Таа слика ја закачив на табелата покрај моето запишано име на влезот на мојата канцеларија 5 години, за да се сеќавам секоја ден на тој геноцид. Го знам и тоа дека Србите, моите браќа Бошњаци ги нарекуваат 'Турци'.“

Министерството за национална одбрана на Турција пак, соопшти дека со доделувањето на Нобеловата награда за литература за 2019 година на писателот Хандке, поддржувач на Милошевиќ, се згазени сите човечки и морални вредности.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, исто така реагираше со зборовите „Е нанесена флека со срам за очистување на еден извршител на злосторство против човештвото, е причинета сенка и врз достоинството на Нобеловата награда.“

Претседателот на Домот на Народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ рече: „Хандке знаеше што се случи во Босна и Херцеговина, а и оние кои ја дадоа оваа награда знаеја којн е Хандке. Тие беа соучеснициво се. Или наградата треба да се поништи, или пак наградата ќе нема никакво свое значење. Отсега оваа награда ќе остане како знак прашалник.“



Слични вести