Масовни протести низ Франција на чело со главниот град Париз против пензиските реформи на управата на Макрон

Поради штрајкот и протестите коишто започнаа во четвртокот минатата недела со учество на приближно 800 илјади лица и кои 6 дена како продолжуваат, е парализиран сообраќајот, а со тоа и животот во Франција

1321227
Масовни протести низ Франција на чело со главниот град Париз против пензиските реформи на управата на Макрон

Вчера во голем број градови низ Франција, а пред се во главниот ргад Париз беа одржани протести против пензиските реформи на управата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Поради штрајкот и протестите коишто започнаа во четвртокот минатата недела со учество на приближно 800 илјади лица и кои 6 дена како продолжуваат, е парализиран сообраќајот, а со тоа и животот во Франција.

Авиокомпаниите сопштија дека поради штрајкот се откажани 20 отсто од авионските лчетови, додека можеа да се реализираат само една петина од железничките патување во земјата.

Во знак на протестирање против политиките на францускиот претседател Емануел Макрон, голем број граѓани масовно излегоа на улиците во голем број градови ширум Франција и тоа освен во главниот град Париз и во други големи градови како Марсеј, Бордо,Рен, Лил, Лион, како и помали градови и населени емста низ земјата.

Синдикатите соопштија дека доколку француската влада не отстапи од својата одлука за пензиски реформи, протестите и штрајковите ќе продолжат за неодредено време.

Инаку, пензиските реформи на управата на францускиот претседател Емануел Макрон, предвидуваат укинавње на разликата меѓу службениците и работниците при нивно пензионирање, укинување на привилегиите за вработените и постепено зголемување на возраста на пензионирање од 62 на 64 годишна возраст, што пак се одразува негативно на десетици сектори во Франција.



Слични вести