Во Нур Султан, Казахстан, започнаа техничките разговори за 14. состанок посветен на Сирија

Во тие рамки, денеска се очекува да се остварат технички разговори меѓу делегацијата на Турција, Русија, Иран и на Обединетите нации (ОН)

1320616
Во Нур Султан, Казахстан, започнаа техничките разговори за 14. состанок посветен на Сирија

Во главниот град на Казахстан, Нур Султан, започна 14. состанок на земјите гарантори за Сирија, на ниво на билатерални технички разговори помеѓу Русија и Иран.

Претставниците на Русија и Иран се состанаа во рамките на техничките разговори.

Во тие рамки, се очекува да се остварат технички разговори и меѓу делегацијата на Турција и делегациите на Русија, Иран и Обединетите нации (ОН).

На дневниот ред на состанокот се наоѓаат прашања како што зголемување на мерките на доверба вклучувајќи го и пуштањето на слобода на заробениците и потрагата по исчезнатите, интензивирањето на обемната хуманитарна помош на Сирија во контекст на враќање назад на бегалците и дискусијата за преземање на неопходните иницијативи за одржување на меѓународна конференција, како и унапредувањето на политичкиот процес во Сирија под светлината на започнување на активностите за Уставотворниот комитет.

На 14. состанок на земјите гарантори за Сирија, делегацијата на Обединетите нации (ОН) ја претставува специјалниот претставник на организацијата за Сирија Геир Педерсен.

На главната седница на состанокот којашто ќе се одржи утре со учество и на делегациите на сирискиот режим и на воените опозиционери се очекува да се усвои заедничка декларација.

Разговорите во форматот од Астана посветени на Сирија, а под гаранторство на Турција, Русија и Иран, продолжуваат од јануари 2017 година. 



Слични вести