Циклонот Белна во Мадагаскар одзеде 9 животи

Западните делови на Мадагаскар беа зафатени од циклонот Белна во кој загинаа 9 лица, 3 лица се сметаат за исчезнати, а повеќе од 1.400 лица останаа без своите домови

1321176
Циклонот Белна во Мадагаскар одзеде 9 животи

Во циклонот Белна кој го зафати Мадагаскар животот го загубија 9 лица, 3 лица се сметаат за исчезнати, а повеќе од 1.400 лица останаа без своите домови.

Функционерот на Управата за национална елементарна непогода на Мадагаскар Елак Оливиер Андриакажа во дадената изјава за локалните медиуми истакна дека под влијание на циклонот се наоѓа областа Солала во западниот дел на земјата.

Андриакажа рече дека во елементарната непогода животот го загубија 9 лица, 3 лица се водат како исчезнати, а повеќе од 1.400 лица останаа без своите домови.

Велејќи дека лицата кои останале без своите домови се засолнале во училиштата, џамиите и државните згради, Андриакажа појасни дека на овие лица ќе им се достави итна хуманитарна помош.

Андриакажа воедно соопшти дека погоденото подрачје ќе биде посетено од страна на министерот за надворешни работи Кристин Нтсај.

Од друга страна, Одделот за метеорологија на Мадагаскар соопшти дека поројните врнежи од дожд се очекува да продолжат во погоденото подрачје од циклонот Белна до утре.



Слични вести