Протести во Киев пред денешниот Лидерски самит на Нормандиската четворка, во Париз

Протестите под името „Црвени линии“ беа одржани на плоштадот на Независноста во центарот на Киев и илјадници лица кои се собраа го предупредија украинскиот претседател Володимир Зеленски во однос на кои прашања не смее да прави отстапки во преговорите

1319860
Протести во Киев пред денешниот Лидерски самит на Нормандиската четворка, во Париз

Вчера во главниот град на Украина, Киев, беа одржани масовни протести во пресрет на денешниот лидерски самит на Нормандиската четворка, во главниот град на Франција, Париз.

Протестите под името „Црвени линии“ беа одржани на плоштадот на Независноста во центарот на Киев и илјадници лица кои се собраа го предупредија украинскиот претседател Володимир Зеленски во однос на кои прашања не смее да прави отстапки во преговорите.

Протестите беа организирани од страна на три опозициски политички партии и тоа партијата Европска солидарност на поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко, партијата Татковина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко и партијата Глас на украинската рок ѕвезда Сватослав Вакарчук.

Инаку, денеска во францускиот главен град Париз ќе се одржи лидерски  самит на Нормандиската четворка составена од Украина, Русија, Франција и Германија, која беше формирана со цел изнаоѓање решение за кризата во источниот дел на Украина.

Тоа воедно ќе биде и првиот самит на Нормандиската четворка, по пауза од 3 години.

Демонстрантите на вчерашните масовни протести во главниот град Киев на украинскиот претседател Володимир Зелински му порачаа дека не смее да се откаже од Украина како унитарна држава, ниту пак да се откаже од борбата за враќање на илегално анектираниот Крим.

Протестите беа одржани под силни безбедносни мерки и без поголеми инциденти.

Денеска во формат на Нормандиската четворка во главниот град на Франција, Париз, посветен на украинската криза ќе се состанат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Лидерскиот самит на Нормандиската четворка за последен пат се одржа во 2016 година, во главниот град на Германија, Берлин.



Слични вести