Бројот на загинатите во вооружениот напад во Багдад се зголеми на 25, а 120 лица се ранети

Во петокот неидентификувани лица отворија оган врз демонстрантите на плоштадот Ел-Хилани во главниот град на Ирак, Багдад, и во нападот животот го загубија најмалку 25 лица, а 120 мина се ранети

Бројот на загинатите во вооружениот напад во Багдад се зголеми на 25, а 120 лица се ранети

Бројот на загинатите во огнот отворен во петокот од страна на неидентификувани лица врз демонстрантите на плоштадот Ел-Хилани во главниот град на Ирак, Багдад, се зголеми на 25 лица, а 120 мина се ранети.

Во меѓувреме, потпретседателот на ирачкиот Парламент Хасан ел-Каби и парламентарните комисии го повикаа Парламентот утре на вонредна седница да го постави на дневен ред реализираниот напад врз демонстрантите во Багдад.

Од друга страна пак, претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани истакна дека не може да постои никакво образложение за извршениот напад врз демонстрантите во Багдад.

Барзани нагласи дека независно од тоа од чија страна е извршен овој напад, извршителите треба да бидат фатени и изнесени пред суд од страна на ирачките надлежни органи.

Инаку, во антивладините демонстрации коишто започнаа на 1 октомври во знак на протестирање против невработеноста, корупцијата и недостатокот од јавни услуги, животот го загубија најмалку 460 лица, а приближно 19 илјади лица се повредени.



Слични вести