Во реализирани воздушни напади врз населените места во Идлиб загинаа 11 лица

Во воздушните напади на руските воени авиони и воените авиони на Асадовиот режим врз населените места во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија животот го загубија 11 цивили

1319405
Во реализирани воздушни напади врз населените места во Идлиб загинаа 11 лица

Во реализирани воздушни напади од страна на воени авиони на режимот на Бешар Асад и Русија врз голем број населени места во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија 11 лица.

Според Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руски воени авиони реализираа воздушни напади во руралното подрачје на населеното место Маратунуман и врз селата Бара, Белјун, Техтаја и Хулубе на југот на градот Идлиб.

Воедно и режимските сили реализираа напади од воздух и копно на месноста Кефренбил и селата ел-Бара, Хас, Ихсим, Кефермус, Хазарин, Хирбит, Бирнан и Ферван.

Во воздушниот напад на руските воени на селото Бара загина четворица цивили, а двајца на пазарот во селото Белјун. Во воздушните напади на режимот на селото Биџгас пак, загина едно лице, а на селото Бдеите загинаа четворица цивили. 

На тој начин во воздушните напади реализирани од страна на руските воени авиони и воените авиони на Асадовиот режим животот го загубија вкупно 11 цивили.

Како што се дознава во нападите се ранети и голем број цивили, а меѓу загинатите има и деца.

Се стравува од зголемување на бројот на загинатите во воздушните напади. 



Слични вести