По трет пат спречено гласањето во Сенатот на САД на нацрт одлуката за наводните ерменски тврдења

Републиканскиот сенатор Кевин Крамер го спречи гласањето во Сенатот на нацрт одлуката за признавање на наводните ерменски тврдења за геноцид и ова е трето спречување на наведената нацрт одлука

1318559
По трет пат спречено гласањето во Сенатот на САД на нацрт одлуката за наводните ерменски тврдења

На барање на Белата куќа по трет пат е спречено гласањето во Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) на нацрт одлуката со која се предвидува официјално признавање на наводните ерменски тврдења за геноцид. 

Републиканскиот сенатор Кевин Крамер го спречи гласањето на наведената нацрт одлука подготвена од страна на Демократскиот сенатор Боб Менендез и Републиканскиот сенатор Тед Круз.

Два извори блиски по ова прашање истакнаа дека Републиканскиот сенатор Кевин Крамер ваквиот чекор го фрлил на барање на Белата куќа.

Гласањето на наведениот нацрт претходно беше спречено и од страна на Републиканските сенатори Линдзи Грахам и Дејвид Пердју.

Инаку, гласањата на одреден нацрт во Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) може да се спречат од страна на било кој сенатор со изнесување на свое спротивно мислење. 



Слични вести