Демонстрациите во Франција го парализираа животот

Со реформите се планира да се укине дискриминацијата меѓу службениците и работниците во пензија, возраста на пензионирање постепено од 62 да се зголеми на 64 години и неповолно да се одрази врз десетици сектори

Демонстрациите во Франција го парализираа животот
fransa.jpg
fransa.jpg
fransa.jpg

Протестите на десетици илјадници Французи против пензионерските реформи на претседателот Емануел Макрон го парализираа животот во Франција, а исто така дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

По едногодишните протести и демонстрации на жолтите елеци, вчера околу 500 илјади вработени во различни сектори во знак на протест на пензионерските реформи на Макрон започнаа протести со неограничен рок во целата земја.

Меѓу луѓето кои започнаа со штрајк во земјата се наоѓаа вработените во претпријатието за колективен јавен превоз на Париз и околината РАТП, Француската национална компанија за железници (СНЦФ), Француската авиокомпанија Ер Франс, полицајците, лекарите, медицинските сестри, вработените во службата за итна помош, здравствените работници, студентите, наставниците, службениците, адвокатите, земјоделските работници, вработените во поштата, такси возачите и транспортните шофери, Компанијата за електрично производство и дистрибуција, автомобилскиот сектор Рено и рафинеријата.

Меѓу демонстрантите кои се собраа во Париз и другите градови на Франција како што се Лион, Нант и Рен и полицијата дојде до судири.

Со реформите се планира да се укине дискриминацијата меѓу службениците и работниците во пензија, возраста на пензионирање постепено од 62 да се зголеми на 64 години и неповолно да се одрази врз десетици сектори.

Французите кои традиционално реакциите ги изнесуваат со одржување протести и штрајкови и претходно неколкупати одржаа неколку штрајкови. Еден од последните кој остави длабока трага се оној од јуни 1995 година кој траеше три недели и целиот живот се парализира.



Слични вести