Бројот на починатите поради епидемија на сипаници во Самоа се зголеми на 63 лица

Од семјствата на оваа островска земја во јужниот Пацифик кои не биле вакцинирани, беше побарано да закачат црвени знамиња пред своите домови со кои ќе им сигнализираат на медицинските екипи на теренот декаи им е потребна вакцинација

Бројот на починатите поради епидемија на сипаници во Самоа се зголеми на 63 лица

Бројот на починатите од епидемија на сипаници во Самоа се зголеми на 63 лица.

Во објавеното соопштение од сметката на Владата на Самоа на Твитер се истакнува дека во последните 24 часа во земјата се евидентирани 140 нови случаи на сипаници.

Владата соопшти дека бројот на случаите на сипаници во земјата која брои 200 илјади жители изнесува повеќе од 4.300.

Како што се истакнува, повеќето од починатуте поради епидемијата на сипаници се деца помали од 4 години.

Од семјствата на оваа островска земја во јужниот Пацифик кои не биле вакцинирани, беше побарано да закачат црвени знамиња пред своите домови со кои ќе им сигнализираат на медицинските екипи на теренот декаи им е потребна вакцинација.

Надлежни претходно соопштија дека процентот на вакцинирање достигнал до 55 отсто.

Премиерот на Самоа Туилаепа Саилеле Малиелегаои вети дека овој процент ќе биде зголемен на над 90 отсто.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ), процентот на вакцинираните од сипаници во Самоа во 2013 година изнесуваше 70 отсто, додека минатата година опадна на испод 30 отсто.

Според УНИЦЕФ, случаите на супаници во светот во 2018 година во споредба со претходната 2017 година изнесуваат за два пати повеќе и се зголемија на 350 илјади.



Слични вести