Средба на министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија во Братислава, Словачка

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи на Азербејџан се истакнува дека средбата траеше повеќе од 3,5 часа и дека се остварени преговори од широк обем по прашањето на процесот на решение за проблемот Нагорно Карабах

1318227
Средба на министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија во Братислава, Словачка

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров и ерменскиот министер за надворешни работи Зораб Мнатсаканјан, во рамките на процесот за решавање на проблемот Нагорно Карабах се состана со главниот град на Словачка, Братислава.

На средбата, присуствуваа и копретседателите на Групата Минск на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) рускиот претставник Игор Попов, Французинот Стефан Висконти, Американецот Ендрју Шофер и специјалниот претставник на привремениот претседавач со ОБСЕ Андржеј Каспжик. 

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи на Азербејџан се истакнува дека средбата траеше повеќе од 3,5 часа и дека се остварени преговори од широк обем по прашањето на процесот на решение.

Во соопштението се влеи дека страните се договориле да се состанат повторно во почетокот на 2020 година, а соц ел продолжување на процесот на преговори.

Инаку, проблемот Нагорно Карабах започна во процесот на распаѓање на Советскиот Сојуз кога Ерменија имаше претензии кон оваа област во склопот на териториите на Азербејџан. Така Ерменците во 1991 година го окупираа Ханкенди, а во 1992 година и Хоџали и Суша. Потоа Ерменците ги окупираа и Лачин, Хоџавенд, Келбеџер и Агдере, а во 1993 влегоа во Агдам. Пото следеше окупацијата на градовите Џебрајил, Фузули, Губадли и Зенгилан.

На тој начин беа окупирани 20 отсто од териториите на Азребејџан и приближно 1 милион Азербејџанци беа приморени да ги напуштат овие окупирани места во Нагорно Карабах.



Слични вести