Сириската национална армија од 9 октомври досега во борбата против тероризмот изгуби 251 војник

Во операцијата Извор на мирот којашто на 9 октомври ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС) во североисточниот дел на Сирија, досега во борбата против тероризмот загинаа 251 војник, а се ранети 760 војници на Сириската национална армија (СНА)

1318112
Сириската национална армија од 9 октомври досега во борбата против тероризмот изгуби 251 војник

Сириската национална армија (СНА) која се обидува да ја воспостави безбедноста во областите кои со операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија се ослободени од терористите, од 9 октомври досега изгуби свои 251 војник.

Војниците на Сириската национална армија (СНА), продолжуваат со активностите за пребарување и чистење на теренот, како и одбраната на фронтовите линии во подрачјата на Тел Абјад и Расулајн кои со операцијата Извор на мирот реализирана од страна на Турските вооружени сили (ТСК или TSK) беа исчистени од терористите.

Во операцијата Извор на мирот којашто започна на 9 октомври, досега во борбата против тероризмот загинаа 251 војник на Сириската национална армија (СНА). Освен тоа се ранети 760 војници, а од еден војник не можат да се добијат информации.

Во вооружените судири пак, од страна на Сириската национална армија (СНА) поддржана од Турските вооружени сили (ТСК или TSK) се неутрализирани стотици терористи.

Сириската национална армија (СНА) претходно учествуваше активно и во операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче во кои исто така одигра значајна улога, тогаш позната под името Слободна сириска армија (ССА).

Петседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во дадената изјава на 19 ноември го рече следното: „Сириската национална армија (СНА) се состои од јуначки војници, муџахиди, кои ѝ ја штитат сопствената земја ѝ таму заедно со нашите војници Мехметчик ја водат оваа борат против оние кои ја вознермируваат и ја напаѓаат нашата земја.“



Слични вести