Пофалби од американскиот пејач, актер и шоумен Роберт Дави за Истанбулскиот аеродром

Аеродромите во Лос Анџелес вклучувајќи го и Џон Кенеди во САД го гушат човекот.

1318111
Пофалби од американскиот пејач, актер и шоумен Роберт Дави за Истанбулскиот аеродром

Американскиот пејач, актер и шоумен Роберт Дави преку социјалните медиуми упати пофалби за Истанбулскиот аеродром.

На видеото што го сподели преку профилот преку твитер, Дави истакна дека бил воодушевен од Истанбулскиот аеродром додека заедно со сопругата и бебето чекале да полетаат за Стокхолм.

Познатиот пејач рече дека во Истанбул допатувал во рамките на една турнеја, додека го снима видеото од друга страна зборува и вели:

„Денес се наоѓам на Истанбулскиот аеродром во Турција. Аеродромот навистина е прекрасен. Чист. Има илјадници луѓе. Погледнете на длабочината, таванот, боите и архитектурата“.

Дави во продолжение вели дека аеродромите во Лос Анџелес вклучувајќи го и Џон Кенеди во САД го гушат човекот.

Роберт Дави додаде дека инфраструктурата на САД се распаѓа и дека Конгресот залудно ги троши даноците на граѓаните.



Слични вести