Критики од рускиот претседател Путин до Вашингтон: САД на вселената гледаат како на театар за воени активности

Рускиот претседател Владимир Путин ги критикуваше САД за кои рече дека на вселената гледаат како на театар за воени активности

1317768
Критики од рускиот претседател Путин до Вашингтон: САД на вселената гледаат како на театар за воени активности

Рускиот претседател Владимир Путин во говорот што го одржа во Сочи на состанокот посветен на развојот на Руската поморска флота, изнесе проценки во врска со воените активности кои што се водат во вселената.

Путин истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) планираат вселената да ја претворат во фронт на воени операции.

Тој рече: „Воено-политичката управа на САД на вселената гледаат како на театар за воени активности.“

Велејќи дека големите земји активно ги развиваат своите воени вселенски системи и ги модернизираат своите технички карактеристики, Путин напомена дека САД планираат да реализираат воени операции во вселената.

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека неговата земја е против наоружувањето на  вселената, а воедно упати повик за развивање на системите за електронска војна во армијата.



Слични вести