Бројот на загинатите во вооружените судири на границата на Мексико со САД се зголеми на 24 лица

Во вооружените судири помеѓу вооружени лица за кои се претпоставува дека биле членови на картелот дел Норесте и мексиканските безбедносни сили во близина на границата со САД, животот го загубија 24 лица

1318318
Бројот на загинатите во вооружените судири на границата на Мексико со САД се зголеми на 24 лица

Бројот на загинатите во вооружените судири помеѓу мексиканските безбедносни сили и група вооружени лица во Мексико, во близина на границата со Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 24 лица.

Надлежни на мексиканската сојузна држава Коахуила информираат дека на крајот на неделата во градчето Вила Унион вооружени лица со камиони извршиле напад врз зградите на локалната власт и по вооружените судири со безбедносните сили биле пронајдени мртвите тела на уште 3 лица, така што во моментов бројот на загинатите се искачил на 24 лица.

По овој инцидент, во подрачјето е запленета голема количина оружје и муниција.

Во вооружените судири помеѓу вооружени лица за кои се претпоставува дека биле членови на картелот дел Норесте и мексиканските безбедносни сили животот го загубија и четворица полицајци.

По бранот насилства којшто следеше откако во Мексико во 2006 година започна боорбата против нарко картелите, досега животот го загубија повеќе од 300 илјади лица, Во овој процес се раселени над 340 илјади Мексиканци, а приближно 40 илјади лица се водат како исчезнати.

Во Мексико кое брои 120 милиони жители, минатата година се извршени 35.964 убиства од кои поголемиот дел се поврзани со нарко картелите.

Во 2017 година беа убиени 32 илјади 79 лица, додека бројот на убиените лица оваа година досега достигна до 26 илјади лица.



Слични вести