Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев донесе одлука за распуштање на Парламентот

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го распушти Парламентот и закажа предвремени парламентарни избори за 9 февруари 2020 година

1318504
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев донесе одлука за распуштање на Парламентот

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев донесе одлука за распуштање на Парламентот.

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот, Алиев кој го распушти петтиот состав на Парламентот донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 9 февруари 2020 година. 

На барање на владејачката партија во Азербејџан Партијата Нов Азербејџан (ЈАП), Парламентот се обрати до претседателот Илхам Алиев за распуштање на Парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори.

Потоа Алиев ова барање го достави до Уставниот суд кој пак соопшти дека распуштањето на Парламентот е во усогласеност со Уставот.

Инаку, парламентарните избори во Азербејџан се одржаа на 1 ноември во 2015 година и Партијата Нов Азербејџан (ЈАП) на чело со претседателот Илхам Алиев освои 71 пратеничко место од вкупно 125 пратенички мандати и го обезбеди мнозинството во Парламентот. 

Парламентарните избори во нормални услови се очекуваше да се одржат во ноември 2020 година.



Слични вести