Завршна декларација од Самитот на НАТО во Лондон: Тероризмот продолжува да претставува закана за сите нас

Во објавената завршна декларација на крајот од Лидерскиот самит на НАТО во Лондон се истакнува дека тероризмот продолжува да претставува закана за сите со сите негови форми и начинот на манифестирање

1317751
Завршна декларација од Самитот на НАТО во Лондон: Тероризмот продолжува да претставува закана за сите нас

Лидерите на земјите членки на НАТО кои се состанаа во главниот град на Велика Британија, Лондон, со цел одбележување на 70 годишнината од формирањето на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), на крајот на самитот објавија заедничка декларација.

Во завршната декларација на Лидерскиот самит на НАТО им се одделува место на грижите на Турција во врска со тероризмот и се нагласува дека тероризмот продолжува да претставува закана за сите, со сите негови форми и начинот на манифестирање.

Во декларацијата се истакнува дека европските сојузници веќе 5 години ги зголемуваат своите трошоци за одбрана и дека на тој начин се инвестирани над 130 милијарди долари во одбраната, а воедно се вели следното: „Треба заедно како Сојуз да ги разгледаме можностите и предизвиците коишто ги изнесуваат растечкото население и меѓународните политики на Кина.“

Се нагласува дека НАТО е Сојуз со одбранбена цел и дека не претставува закана против ниту една земја.

Во завршната декларација се објаснува дека по финализирањето на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) до кое дојде со стационирање на ракети од среден дострел од страна на Русија, се подготвени „пропорционални и измерени“ мерки.

Се изнесува следната констатација: „Се додека тоа го дозволуваат однесувањата на Русија, ние сме подготвени за дијалог и конструктивна врска.“

Во завршната декларација се укажува на тоа дека за воспоставување на безбедноста треба да се фокусира на иднината и дека во тие рамки треба да се зачува технолошката надвласт.

Се истакнува дека се поддржува „политиката на отворени врати“ на НАТО и се потсетува дека Северна Македонија наскоро ќе стане 30. членка на Сојузот.

Во завршната декларација се додава дека лидерите на земјите членки на НАТО ќе се состанат повторно во 2021 година.



Слични вести