Столтенберг: НАТО го прифати планот за одбрана на Полска и Балтичките земји

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по самитот во Лондон истакна дека е прифатен планот за одбрана на Полска и Балтичките земји и дека Турција го крена своето противење коешто го изнесуваше против овој план уште од почетокот

1317742
Столтенберг: НАТО го прифати планот за одбрана на Полска и Балтичките земји

Заврши Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор НАТО којшто се одржа во главниот град на Велика Британија, Лондон, а по повод 70 годишнината од основањето на Алијансата.

Турција на овој значаен самит ја претставуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на одржаната прес конференција по самитот истакна дека лидерите на земјите членки се договорија во однос на новиот акционен план по прашањето на зголемување на напорите за борба против тероризмот.

„Сите сојузници ја продолжуваат својата посветеност (приврзаност) кон борбата против ДЕАШ и нашите мисии за обука во Ирак и Авганистан.“ - рече Столтенберг и соопшти дека е прифатен планот за одбрана на Полска и Балтичките земји. 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг напомена дека Турција го крена своето противење коешто го изнесуваше против овој план уште од почетокот.

Тој воедно наведе дека е постигната согласност по прашањето да не им се наштети на стекнатите придобивки против тероризмот.

Во врска со купувањето на противвоздушно одбранбените системи С-400 од страна на Турција од Русија пак, Столтенберг рече дека тоа претставува национална одлука на Турција.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го додаде и тоа дека на состанокот на НАТО лидерите на земјите членки за прв пат е разгледан и подемот на Кина и проблемите предизвикани од тој подем.

Лидерите на земјите членки на НАТО постигнаа согласност кон договорите коишто ќе бидат постигнати во иднина во врска со контролата на оружјето да биде вклучена и Кина.



Слични вести