По оставката на премиерот Абдулмехди во Ирак владее делумно спокојство

Според добиени информации од локални извори и покрај тоа што продолжуваат демонстрациите во некои градови, нема било какви човечки загуби и владее делумно спокојство во земјата

1317062
По оставката на премиерот Абдулмехди во Ирак владее делумно спокојство

По изминати два дена од оставката на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди, во главниот град Багдад и во голем број градови на југот на земјата владее делумно спокојство.

Според добиени информации од локални извори, и покрај тоа што продолжуваат демонстрациите во некои градови, нема било какви човечки загуби. 

Голем број демонстранти продолжуваат да чекаат на плоштадот Тахрир во центарот на главниот град Багдад и во источниот дел на Зелената зона.

Во градот Неџеф пак, по  крвавите немири помеѓу вооружените милициски сили кои го чуваат гробот на шиитскиот лидер Мухамед Бакир ел-Хаким, областа е земена под безбедносен обрач.

Според еден безбедносен извор од провинцијата Зикар на југот на Ирак, целосно прекинаа судирите помеѓу демонстрантите и безбедносните сили во близина на Полициската управа, а воедно е вратен во нормала животот и во центарот на градот Насирије.

Еден безбедносен извор соопшти дека повторно се отворени училиштата и банките кои беа затворени поради немирите и дека влезовите и излезите на градот се држат под контрола од страна на вооружени сили припадници на племињата.

Од друга страна, во демонстрациите во јужните провинции Басра, Диване, Мусена и Кербала се приклучија и учителите и учениците.



Слични вести