Во воздушни напади во подрачјето на Идлиб загинаа 6 лица, а најмалку 20 се ранети

Во вчерашните воздушни напади на воените авиони на Русија и Асадовиот режим врз Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија уште 6 лица, а најмалку 20 мина се ранети

1316377
Во воздушни напади во подрачјето на Идлиб загинаа 6 лица, а најмалку 20 се ранети

Во реализирани воздушни напади од страна на воени авиони на Русија и режимот на Бешар Асад врз Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија уште 6 лица, а најмалку 20 мина се ранети.

Руски воени авиони вчера реализираа воздушен напад врз центарот на градот Идлиб и врз селата Кефер Сеџне и Хираки на југот на Идлиб.

Во овој воздушен напад загинаа 4 лица од кои еден затвореник и тројца блиски на затвореникот, а најмалку 20 мина се ранети.

Во нападите на Асадовиот режим вчера во вечерните часови врз селата Сирман и Кенејес пак, загинаа двајца цивили.

Воени авиони на режимот на Бешар Асад вчера исто така реализираа воздушни напади и врз населените места Маратинуман и Серакиб и селата Хулубе, Руфа, Сирман, Кенаис, Тел Крисјан и Берсе на југот на Идлиб. 

Притоа во воздушните напади врз пазарите во населените места Серакиб и Маратинуман загинаа 14 цивили, а 27 мина беа ранети.

Во нападите на Асадовиот режим и Русија врз Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб од потпишаната спогодба помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега, загинаа повеќе од 1.300 цивили.

Бројот на преселените лица во местата коишто релативно се помирни од оние места каде нападите се поинтензивни и во местата во близина на границата со Турција пак, во последната една година изнесува над 1 милион.

 



Слични вести