Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК од Тел Рифат врз Азез загина еден цивил, а 12 мина се ранети

Терористите од градчето Тел Рифат, истрелаа 6 гранати од хаубица врз центарот на градчето Азез кое се наоѓа во непосредна близина на границата на Турција, веднаш наспроти градот Килис и во нападот загина еден цивил, а 12 мина се ранети

1316899
Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК од Тел Рифат врз Азез загина еден цивил, а 12 мина се ранети

Во реализираниот напад со хаубица од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од Тел Рифат врз Азез во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, во северниот дел на Сирија, животот го загуби еден цивил, а 12 мина се ранети, од кои четворица потешко.

Терористите на ЈПГ/ПКК кои согласно постигнатата спогодба помеѓу Турција и Русија на 22 октомври, требаше да го напуштат градчето Тел Рифат, оттука продолжуваат да реализираат напади врз цивилите во околните населени места.

Како последно, терористите од Тел Рифат каде што се вгнездени, истрелаа 6 гранати од хаубица врз центарот на градчето Азез кое се наоѓа во непосредна близина на границата на Турција, веднаш наспроти градот Килис.

Во овие напади, според првични добиени информации, животот го загуби еден цивил, а 12 мина се ранети, од кои четворица потешко.

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) одговори на нападот гранатирајќи ги со хаубици позициите на терористите. 

Инаку, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која со операцијата Маслиново гранче беше извадена од подрачјето на градчето Африн, продолжува да го држи под окупација подрачјето на градчето Тел Рифат, во југоисточниот дел.

Терористичката организација која е вгнездена во ова подрачје, често реализира напади врз населените места под контрола на Сириската национална армија (СНА).



Слични вести