Трамп на НАТО Самитот во Лондон: Турција е добра членка на НАТО, а изјавата на Макрон е навредлива

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Турција е добра членка на НАТО, додека за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО е во состојба на мозочна смрт“ рече дека е навредлива

1316802
Трамп на НАТО Самитот во Лондон: Турција е добра членка на НАТО, а изјавата на Макрон е навредлива

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и американскиот претседател Доналд Трамп се состанаа во главниот град на Велика Британија, Лондон, кадешто престојуваат по повод самитот на шефови на држави и премиери на влади на земјите членки на НАТО.

Во оваа пригода, американскиот претседател Доналд Трамп во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО е во состојба на мозочна смрт“ истакна дека таа е неучтива и навредлива.

Алудирајќи пак на одговорот што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган минатата недела му ја даде на францускиот лидер на кого му рече најпрвин да ја провери својата мозочна смрт, Трамп рече: „Турција рече дека е остварена мозочната смрт на Макрон.“

Нагласувајќи дека Турција е добра членка на НАТО, американскиот претседател Доналд Трамп го истакна следното: „Имаме добри односи со Турција. Доволно долго време останавме на нивната граница, веќе се повлековме од границата. Прават добра работа. Турција многу ни помогна во операцијата против челникот на терористичката организација ДЕАШ Багдади. Не можеше да направи подобро од тоа, не можеше да ни даде поголема поддршка.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пак рече: „Турција ја сопре својата воена операција. Отсега треба да водиме обиди за политичко решение (во Сирија).“



Слични вести