Средба на претседателот Трамп на 7 јануари во Белата куќа со грчкиот премиер Мицотакис

Канцеларијата за печат на Белата куќа објави писмено соопштение во врска со средбата помеѓу претседателот Доналд Трамп и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис којашто ќе се одржи на 7 јануари

1316482
Средба на претседателот Трамп на 7 јануари во Белата куќа со грчкиот премиер Мицотакис

Американскиот претседател Доналд Трамп на 7 јануари во Белата куќа во Вашингтон ќе се состане со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Канцеларијата за печат на Белата куќа објави писмено соопштение во врска со средбата помеѓу претседателот Трамп и грчкиот премиер Мицотакис којашто ќе се одржи на 7 јануари.

Во соопштението се истакнува дека за време на оваа посета ќе се разговара за соработката на Балканот и во Источниот Медитеран, а воедно се вели следното: „Оваа посета, ќе ги удостои силните економски, безбедносни и културни врски помеѓу Грција која е значаен НАТО сојузник и САД.“

Освен тоа се додава дека на средбата, американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги нагласи значењето на 5Г-технологијата во точката на безбедноста во телекомуникацијата, како и прашањата за спречување на штетните влијанија во регионот и поттикнувањето на верските слободи општо во светот.



Слични вести