САД го презедоа претседателствувањето со Советот за безбедност на ОН за декември

САД го презедоа од Велика Британија претседателствувањето со Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) за месец декември

1316662
САД го презедоа претседателствувањето со Советот за безбедност на ОН за декември

Соединетите Американски Држави (САД) го презедоа претседателствувањето со Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) за месец декември.

САД, како една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН со право на вето, составен од вкупно 15 земји членки (5 постојани членки и 10 непостојани членки со мандат од 2 години) претседателствувањето со Советот за месец декември, го презедоа од Велика Британија.

Постојаниот претставник на САД во Обединетите нации (ОН) Кели Крафт во дадената изјава за новинарите истакна дека претставниците на земјите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на 5 декември во четврток во Белата куќа  ќе се состанат на ручек со американскиот претседател Доналд Трамп.

Претставниците на земјите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на повик на Крафт на 13 декември ќе остварат и посета на сојузната држава Кентаки.

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за време на претседателствувањето на САД се очекува да ја постави на разгледување и нуклеарната програма на Иран.



Слични вести