На Самитот на НАТО во Лондон се одбележуваат 70 години од формирањето на Сојузот

Кралицата Елизабета втора ќе биде домаќин на шефовите на државите и владите во Бакингамската палата на приемот, со што ќе се прослави 70-годишнината на Алијансата

1316833
На Самитот на НАТО во Лондон се одбележуваат 70 години од формирањето на Сојузот

Лидерите на земјите членки на НАТО денес ќе се состанат во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината на Алијансата.

Кралицата Елизабета втора ќе биде домаќин на шефовите на државите и владите во Бакингамската палата на приемот, со што ќе се прослави 70-годишнината на Алијансата. 

Лидерите потоа ќе бидат пречекани од премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, на Даунинг Стрит 10 на вечера. 

На Самитот на НАТО во Лондон присуствуваат лидерите на 29 земји членки на НАТО, меѓу кои и претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган, американскиот претседател Доналд Трамп, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо и др.

„Учесниците на Самитот ќе разговараат за актуелните безбедносни прашања и ќе донесат одлуки во правец на подготвноста на НАТО за иднината“, се вели во денешното соопштение на Алијансата.

„Се очекува да се постигне согласност за неколку мерки, меѓу кои и понатамошното усовршување на подготвеноста на сојузничките сили, прифаќање на просторот на вселената како подрачје на делување и уредување на акциониот план на НАТО за борбата против тероризмот“, се додава во соопштението.

Се истакнува дека лидерите ќе имаат и стратешка дискусија за Русија, за иднината на контролата на оружјето, како и за подемот на Кина.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган замина за Лондон утрово, а во текот на денот ќе има четирилатерална средба за Сирија со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести