Литванија: Блокирањето на плановите на НАТО произлегува од безбедносните грижи на Турција

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус истакна дека блокирањето на плановите на НАТО произлегува од безбедносните грижи на Турција

1316894
Литванија: Блокирањето на плановите на НАТО произлегува од безбедносните грижи на Турција

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус во дадената изјава за Европскиот онлајн весник со седиште во Брисел изнесе проценки во врска со тоа што откако Соединетите Американски Држави (САД) се спротивставија на планот во кој сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК зазеде место како закана, ѝ Турција не го одобри планот на НАТО за заштита на Балтичките земји.

Линкевичиус истакна дека блокирањето на плановите на НАТО произлегува од безбедносните грижи на Турција.

Тој рече дека неодобрувањето на одбранбениот план на НАТО од страна на Турција претставува дел од рутинските преговори пред Самитот на шефови на држави и влади на НАТО.

Нагласувајќи дека не верува во тоа оти Турција води иницијатива против Балтичките земји, литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус ја изнесе следната констатација: „Турција располага со сопствени безбедносни грижи. (Оваа одлука) Повеќе се однесува на интересите на Турција.“

Линкевичиус воедно додаде дека ќе се изнајде соодветно решение по ова прашање.



Слични вести