Во воздуши напади врз населени места кај Идлиб загинаа најмалку 11 цивили, а најмалку 20 се ранети

Режимот на Бешар Асад реализира воздушни напади врз пазарите во две населени места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во кои според првични информации животот го загубија 11 цивили, а најмалку 20 мина се ранети

Во воздуши напади врз населени места кај Идлиб загинаа најмалку 11 цивили, а најмалку 20 се ранети

Режимот на Бешар Асад реализира воздушни напади врз пазарите во две населени места во границите на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во кои според првични информации животот го загубија 11 цивили, а најмалку 20 мина се ранети.

Воени авиони на Асадовиот режим реализираа воздушни напади врз населените места Маратинуман и Серакиб и врз селата Хулубе, Руфа, Сирман, Кенаис, Тел Крисјан и Берсе на југот на Идлиб.

Според добиени информации од извори на екипите за Цивилната одбрана (Белите Беретки) во Идлиб воени авиони на режимот на Асад ги бомбардираа и пазарите во населените места Маратинуман и Серакиб.

Според првичните проценки, во извршениот напад врз пазарот во населеното место Серакиб загина едно лице, а во Маратинуман загинаа 10 лица. Во двата напади загинаа вкупно 11 лица, а 20 се ранети.

Екипите на Цивилната одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување на местото на нападите, како и со работите за кревање на рушевините.

Од друга страна, според информациите добиени од Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руските воени авиони од утринските часови реализираат воздушни напади врз селата Кефер Сеџне и Хираки, на југот на Идлиб.

Во реализираните напади од страна на војниците на режимот на Асад, странските терористички групи поддржани од Иран и Русија врз Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, од почетокот на октомври досега се принудени на раселување приближно 62 илјади цивили.

Во нападите на Асадовиот режим и Русија во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб од потпишаната спогодба помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година досега, загинаа повеќе од 1.300 цивили.

Бројот на преселените лица во местата коишто релативно се помирни од оние места каде нападите се поинтензивни и во местата во близина на границата со Турција пак, во последната една година изнесува над 1 милион.



Слични вести