Столтенберг: „5-от член е јадрото на НАТО“

Покрај различните погледи и ставови во рамките на Алијансата, јас ги повикувам сите земји членки да бидат обединети.

Столтенберг: „5-от член е јадрото на НАТО“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтренберг рече дека 5-от член кој ја гарантира колективната одбрана на сите земји сојузнички и истовремено го претставува јадрото на алијансата.

Во интервјуто за Првиот германски ТВ-канал (АРД) Столтенберг, на прашањето во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон со 5-от член на НАТО рече:

„5-от член го сочинува јадрото на НАТО. Во позадината на оваа мисла се разбира следното: Еден за сите, сите за еден. Потенцијалните непријатели, свесни за фактот дека во случај на евентуален напад на една од земјите членки на Алијансата, тоа ќе претставува напад на целата Алијанса која веднаш ќе одговори на соодветен начин, поради што не ќе може да го изврши нападот. Сите заедно сме најголемата воена сила на светот. 5-от член претставува обврска на договорот. Затоа од Франција и сите други сојузнички земји очекувам да се придржуваат кон оваа максима.

Покрај различните погледи и ставови во рамките на Алијансата, јас ги повикувам сите земји членки да бидат обединети. Пораката која што ќе се објави по Самитот на НАТО во Лондон ќе биде насочена токму кон единството на Алијансата.

На Самитот на НАТО во Лондон треба да упатиме порака за единство и покрај различните погледи и ставови во однос на трговијата, климатските промени, Иран и состојбата на северот на Сирија. Меѓусебно треба да се браниме и штитиме особено од аспект на основните прашања. Во период на недоверба и несигурност, уште повеќе јакнее значењето на силните и плуралистички организации како што е НАТО. Ние сме составени од 29 различни земји, од различни партии, влади, погледи  ставови како и прашања. Но во основа сите сме согласно и имаме и споделуваме  заеднички став.“



Слични вести