Русија го зголемува бројот на своите воени бази во североисточниот дел на Сирија

Русија го зголемува бројот на своите воени бази во североисточниот дел на Сирија и тоа особено во местата коишто беа напуштени од страна на САД и во местата кои се наоѓаат под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

Русија го зголемува бројот на своите воени бази во североисточниот дел на Сирија

Русија која продолжува да се стационира воено во областите под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во североисточниот дел на Сирија, ги распореди своите војници во уште 3 воени пунктови.

Според добиени информации од локални извори, приближно 20 припадници на руската воена полиција меѓу кои и припадници со чинови се распоредени во еден воен пункт во населеното место Амуде, кое се наоѓа под окупација на ЈПГ/ПКК, кај градот Хасеке, во североисточниот дел на Сирија.

Во населеното место Амуде кое се наоѓа во близина на границата со Турција, западно од градот Хасеке, по операцијата Извор на мирот согласно постигнатата спогодба помеѓу Турција и Русија, беа одржани заеднички копнени патроли.

Освен тоа, Русија се стационира и во областа Силолар во месноста Ајн Иса во југоисточниот дел на Ајн ел-Араб (Кобани). По руските сили, на ова место се распоредија и единици на режимот на Асад.

Се дознава дека Русија во изминатите денови била стационирана и на местото Изаа, во северозападниот дел на Ајн ел-Араб.

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) своето воено присуство во североисточниот дел на Сирија го поместија кон местата богати со нафта во источниот дел на земјата, додека Русија се стационира во 3 воени бази (Сирин, Ајн Иса и Саидије во Менбич), откако оттука се повлекоа САД.

Руските војници воедно се стационираа и на браната Тишрин, а го проширија и својот воен пункт на аеродромот во Камишли.



Слични вести