Продолжуваат демонстрациите во Либан

Слоганите на демонстрантите на протестите во градот Сајда на југоисточната страна на Либан беа фокусирани за што поскоро формирање нова влада во земјата.

1315841
Продолжуваат демонстрациите во Либан

Илјадници Либанци во Лина излегоа на улиците и демонстрираа против економската состојба во земјата, поради што бараа да се формира нова влада.

Демонстрантите кои со протестите во земјата започнаа на 17 октомври, вчера продолжија во Бејрут како и северните и јужни градови на земјата.

Демонстрантите кои се собраа на различни пунктови на Бејрут извикуваа слогани против раководните структури и финансиските политики на Либанската банка.

На демонстрациите во Триполи во Либан беа извикувани слогани за пуштање на слобода на демонстрантите кои беа уапсени во рамките на минатонеделните протести.

Слоганите на демонстрантите на протестите во градот Сајда на југоисточната страна на Либан беа фокусирани за што поскоро формирање нова влада во земјата.

Обидот на еден демонстрант кој се обиде да се самозапали за време на протестите беше спречен од страна на безбедносните сили.

Демонстрациите кои започнаа во знак на протест на обидот на државата за спроведување данок за користењето на социјалните мрежи особено апликацијата WhatsApp од страна на либанската влада, за кратко време се проширија низ целата земја.

Премиерот Саад ал-Харири кој издржа едвај 13 дена наспроти демонстрациите, на 29 октомври беше принуден да поднесе оставка.



Слични вести