Нетанјаху: Разговаравме телефонски со Трамп за „значајни прашања“ посветени на безбедноста на Израел

Нетанјаху во дадената изјава за претставниците на печатот за време на посетата што ја оствари на градот Ашкелон истакна дека во вчерашниот остварен телефонски разговор со Трамп било дискутирано за „значајни прашања“ посветени на безбедноста на Израел

Нетанјаху: Разговаравме телефонски со Трамп за „значајни прашања“ посветени на безбедноста на Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп посветен на прашањето на анексијата на Јорданската долина која се наоѓа на окупираниот Западен Брег, кон териториите на Израел.

Нетанјаху во дадената изјава за претставниците на печатот за време на посетата што ја оствари на градот Ашкелон истакна дека во вчерашниот остварен телефонски разговор со Трамп било дискутирано за „значајни прашања“ посветени на безбедноста на Израел.

Велејќи дека со Трамп разговарале за бројни прашања, а пред се прашањето со Иран, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече: „Разговаравме и за историската прилика во правец на признавање на Јорданската долина како источна граница на Израел и Договорот за взаемна одбрана помеѓу САД и Израел.“

Во објавеното соопштение и од Белата куќа беше истакнато дека двајцата лидери во телефонскиот разговор се осврнале на „иранската закана“, меѓутоа не беше дадена било каква информација во врска со тоа дека на дневен ред било поставено прашањето за анексија на Јорданската доланина од страна на Израел.

Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред предвремените парламентарни избори на 17 септември вети дека доколку повторно дојде на власт Јорданската долина која се наоѓа на Западниот Брег координирано и со САД „за кусо време ќе ја анектира кон Израел“.



Слични вести