Израелските сили во Источен Ерусалим и Западниот Брег притворија 18 Палестинци од кои 2 деца

Локални извори истакнуваат дека во реализираните синоќешни упади од страна на израелските сили со различни тврдења се притворени 10 Палестинци во Источен Ерусалим и 8 Палестинци на Западниот Брег од кои две се дец, на 12 и 16 годишна возраст

Израелските сили во Источен Ерусалим и Западниот Брег притворија 18 Палестинци од кои 2 деца

Израелските сили во реализираните синоќешни упади во различни области на Источен Ерусалим (Кудс) и Западниот Брег кои се наоѓаат под окупација, притворија 18 Палестинци од кои 2 деца.

Локални извори истакнуваат дека во реализираните синоќешни упади од страна на израелските сили со различни тврдења се притворени 10 Палестинци во Источен Ерусалим и 8 Палестинци на Западниот Брег.

Меѓу притворените во Источен Ерусалим се наоѓаат и 2 деца на 12 и 16 годишна возраст.

Како што се истакнува, меѓу притворените на Западниот Брег се наоѓа и Салах Ебу Дијак, братот на Палестинецот Сами Ебу Дијак кој 17 години се наоѓаше во затвор во Израел и кој минатата недела го загуби животот во болницата на затворот поради боледување од рак.



Слични вести