Во авионска несреќа во сојузната држава Јужна Дакота во САД загинаа 9 лица од кои 2 деца

Според вестите објавени во американските медиуми, еден авион којшто полетал од аеродромот во градот Чамберлаин во сојузната држава Јужна Дакота по кусо време се срушил и во несреќата животот го загубиле 9 лица од кои 2 деца, а 3 лица се спасиле повредени

1315338
Во авионска несреќа во сојузната држава Јужна Дакота во САД загинаа 9 лица од кои 2 деца

Во авионска несреќа во сојузната држава Јужна Дакота во Соединетите Американски Држави (САД) животот го загубија 9 лица од кои 2 деца.

Според вестите објавени во американските медиуми, еден авион којшто полетал од аеродромот во градот Чамберлаин во сојузната држава Јужна Дакота по кусо време се срушил.

Надлежни соопштија дека во малиот авион од типот „Pilatus PC-12“ со едне мотор се наоѓале 12 лица и дека во несреќата животот го загубиле 9 лица од кои 2 деца, а 3 лица се спасиле повредени.

Како што се истакнува, меѓу загинатите се наоѓал и пилотот на авионот.

Засега не е објавено било какво официјално соопштение во врска со причината за несреќата.



Слични вести