Северна Кореја потврди дека извршила нова ракетна проба

Според веста на јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ повикувајќи се на Корејската централна новинска агенција (КЦНА или KCNA), со учество и на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е извршено тестирање на супер голем повеќецевен ракетен лансер

1314784
Северна Кореја потврди дека извршила нова ракетна проба

Северна Кореја потврди дека се истрелани две ракети од провинцијата Јужен Хамгјонг во источниот дел на земјата кон Источното Море (Јапонското Море).

Според веста на јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ повикувајќи се на Корејската централна новинска агенција (КЦНА или KCNA), со учество и на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е извршено тестирање на супер голем повеќецевен ракетен лансер.

Во веста се истакнува дека од страна на Академијата за одбранбена наука се исвршени тест истрели со цел да се испроба капацитетот на војување на ракетниот лансер и дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун бил задоволен од добиените резултати.

Генералштабот на Јужна Кореја пак, истакна дека ракетите во тест истрелите достигнале до далечина од приближно 380 километри и дека оваа проба нема да помогне во напорите за намалување на затегнатоста на полуостровот.



Слични вести