Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди најави дека ќе поднесе оставка

По повикот на шиитскиот верски авторитет Али ес-Систани „да не се води земјата во хаос“, ирачкиот премиер Адил Абдулмехди соопшти дека ќе ја поднесе својата оставка до Парламентот

1315007
Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди најави дека ќе поднесе оставка

Ирачкиот премиер Адил Абдулмехди соопшти дека ја ја поднесе својата оставка до Парламентот.

Абдулмехди во објавеното писмено соопштение истакна дека како одговор на повикот на шиитскиот верски авторитет Али ес-Систани „да не се води земјата во хаос“ ќе го испрати до Парламентот официјалниот документ дека поднесува оставка од премиерската функција.

Ваквата одлука на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди, пристигна по повикот на Систани до Парламентот за одржување на транспарентни и слободни избори во земјата кадешто извесно време се одржуваат антивладини демонстрации против невработеноста, корупцијата и недоволните јавни услуги во земјата, а во кои досега животот го загубија повеќе од 300 лица и над 15 илјади лица се повредени.

Шиитскиот верски авторитет Али ес-Систани во својата политичка порака што беше прочитана денеска по петочната молитва (џума намаз) истакна дека владата беше неспособна да ги исполни своите одговорности пред протестите коишто веќе два месеци како продолжуваат и побара од Парламентот да постапува брзо за донесување на нов изборен закон за одржување на транспаренти и слободни избори во земјата.

Оваа порака на Систани беше прокоментирана со зборовите "Барање од Парламентот да ја повлече довербата на владата и подготвување на земјата за предвремени избори".



Слични вести