ЕП ги повика сите земји членки да ја ратификуваат Истанбулската конвенција за спречување на насилството врз жените

На седницата на Генералното собрание на Европскиот парламент (ЕП) во францускиот град Стразбур, нацрт одлуката со повик за ратификување на Истанбулската конвенција беше усвоена со 500 гласа „за“, наспроти 91 глас „против

1314406
ЕП ги повика сите земји членки да ја ратификуваат Истанбулската конвенција за спречување на насилството врз жените

Европскиот парламент (ЕП) упати повик до сите земји членки да ја ратификуваат Истанбулската конвенција за спречување на насилството врз жените.

На седницата на Генералното собрание на Европскиот парламент (ЕП) во францускиот град Стразбур, нацрт одлуката со повик за ратификување на Истанбулската конвенција беше усвоена со 500 гласа „за“, наспроти 91 глас „против“.

Во усвоената нацрт одлуката се истакнува дека Чешка, Унгарија, Литванија, Летонија, Словачка и Велика Британија ја потпишаа, но се уште не ја ратификуваа конвенцијата, а исто така се осудуваат кампањите коишто се водат во некои земји со ширење на погрешни вести во врска со оваа конвенција. 

Во одлуката се упатува повик до наведените земји итно да ја ратификуваат Истанбулската конвенција, а воедно и се препорачува и на Комисијата на Европската унија (ЕУ) да ја доведе во состојба на приоритетно прашање борбата против насилството врз жените. 

ЕУ ја потпиша Истанбулската конвенција на 13 јуни 2017 година.

Последните добиени податоци покажуваат дека една од три жени во Европската унија (ЕУ) е подложена на физичко или сексулално насилство.



Слични вести