Али Хамнеи: Ненајавените посети на САД, на Авганистан и Ирак претставуваат навреда против овие земји

Иранскиот верски лидер Али Хамнеи ненајавените посети на американскиот претседател Доналд Трамп на Авганистан и на американскиот потпретседател Мајк Пенс на Ирак ги оцени како навреда против овие земји

1314880
Али Хамнеи: Ненајавените посети на САД, на Авганистан и Ирак претставуваат навреда против овие земји

Иранскиот верски лидер Али Хамнеи во пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер го критикуваше методот што го следат САД при посетите на Авганистан и Ирак.

Хамнеи ненајавените посети на американскиот претседател Доналд Трамп на Авганистан и на американскиот потпретседател Мајк Пенс на Ирак ги оцени како навреда против овие земји.

„Американците, без да добијат дозвола за тоа одат и влегуваат во една земја. Не ја посетуваат ниту владата на таа земја, ниту одат во главниот град на таа земја.Таму располагаат со свои бази. Одат во нивните бази. Односно вршат навреда против слободата и независноста на народите.“ - напиша иранскиот верски лидер Али Хамнеи во пораката што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп вчера по повод „Денот на благодарноста“ вчера престојуваше во ненадејна посета на американските војници во Авганистан.

Трамп слета на најголемата воено-воздухопловна база на САД во Авганистан „Баграм“ и во базата се состана со авганистанскиот претседател Ешреф Гани. 

Воедно и американскиот потпретседател Мајк Пенс на 23 ноември престојуваше во ненадејна посета на Ирак каде што се состана со претседателот на Регионалната курдска управа на Ирак Нечирван Барзани и со премиерот Месрур Барзани, меѓутоа не се состана со функционерите на ирачката централна влада.

Пенс во оваа пригода ги посети американските војници во воздухопловната база Ајну'л Асад во западниот дел на провинцијата Анбар.



Слични вести