ОЗХО го ажурираше списокот на забранети супстанции

Согласно Договорот за хемиско оружје се забранува употребата на отровната хемиска супстанција новичок како оружје.

ОЗХО го ажурираше списокот на забранети супстанции

По минатогодишното труење на двојниот агент Сергеј Скрипал и ќерка му Јулија во Солсбери во која истрага беше утврдено дека бил употребена отровната супстанција „новичок“, Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) наведената супстанција беше вброена на списокот на забранети супстанции  согласно Договорот за хемиско оружје.

На третиот ден на годишната конференција на земјите членки на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) во Хаг едногласно беа усвоени заедничкиот предлог на САД, Холандија и Канада и посебниот предлог на Русија за промена на списокот на забранетите супстанции кои содржат отровни хемиски супстанции согласно Договорот за хемиско оружје.

Според одлуката, согласно Договорот за хемиско оружје се забранува употребата на отровната хемиска супстанција новичок како оружје.

Во период кога беше утврдено дека рускиот агент Скрипал работи и за британската тајна разузнавачка служба МИ6, поради што беше осуден во Русија на казна затвор, а потоа со размена на агентите беше испратен во Британија, заедно со ќерка му Јулија на 4 март на една клупа во Солсбери беа пронајдени во бесвесна состојба.

Британија соопшти дека во труењето на Скрипал и ќерка му бил употребена отровна супстанција која се произведува од страна на Русија и која се употребува во воена цел. Супстанцијата има ефективно влијание врз нервниот систем на човекот.



Слични вести