НАТО потпиша договор со „Боинг“ за модернизација на авионите АВАКС во износ од 1 милијарда долари

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на „Боинг Интернешнл“ Мајкл Артур потпишаа договор за модернизација на авионите за рано предупредување и набљудување „АВАКС“ во износ од 1 милијарда долари

1313743
НАТО потпиша договор со „Боинг“ за модернизација на авионите АВАКС во износ од 1 милијарда долари

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), за модернизација на флотата на авионите за рано предупредување и набљудување „АВАКС“ („AWACS“) потпиша договор со „Боинг Интернешнл („Boeing International“) во износ од 1 милијарда долари.

Договорот беше потпишан на церемонијата што се одржа во воздухопловната база „Мелсбрук“ во Белгија со учество на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и Мајкл Артур, претседателот на компанијата „Боинг Интернешнл“ („Boeing International“) едниот од најголемите производители на цивилни и воени авиони во светот.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во говорот што го одржа во оваа пригода потсети дека авионите „АВАКС“ на НАТО кои претходно имаа придонес во САД по терористичките напади на 11 септември, потоа во Авганистан и сега во борбата на Меѓународната коалиција против ДЕАШ.

Тој истакна дека модернизацијата го покажува значењето кое Сојузот го придава на напредната технологија. 

Столтенберг нагласи дека заедно со модернизацијата АВАКС'ите ќе располагаат со поразвиена комуникациска мрежа и на тој начин Алијансата ќе продолжи да придонесува за воспоставување на безбедноста на општествата.

Претседателот на „Боинг Интернешнл“ Мајкл Артур исто така истакна дека новиот договор ја покажува одлучноста на НАТО по прашањето на работата со индустријата за одржување на моќта на трансатлантскиот сојуз.

Изнесувајќи ја констатацијата дека „НАТО е Сојуз кој продолжува да се адаптира“, Артур информира дека финансирањето на договорот се обезбедува од 16 земји членки на НАТО. 

Меѓу, земјите сојузнички на НАТО од чија страна се финансира договорот се наоѓа и Турција. 

 



Слични вести