Во синоќешните напади на руските воени авиони врз Идлиб загинаа двајца цивили

Во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сиријарежимот на Бешар Асад бомбардираше болница, а во нападите на неговиот поддржувач Русија животот го загубија двајца цивили

1313537
Во синоќешните напади на руските воени авиони врз Идлиб загинаа двајца цивили

Продолжуваат нападите на Асадовиот режим и Русија врз населените места во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, кое инаку е прогласено за Зона за намалување на загетнатоста т.ј. за деескалација.

Режимот на Бешар Асад бомбардираше болница, а во нападите на неговиот поддржувач Русија животот го загубија двајца цивили.

Според добиени информации од Опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руски воени авиони синоќа реализираа воздушни напади врз населеното место Кефренбил, месноста Кеферума и селата Маритирме, Рекаја, Урејнибе, Кириса и Хас во подрачјето на градот Идлиб.

Во воздушниот напад врз селото Кириса во јужното рурално подрачје на Идлиб синоќа во доцните часови, животот го загубија двајца цивили.

Од друга страна, и Асадовиот режим во последните 24 часа реализира воздушен напад врз населеното место Кефренбил и месностите Кенсафра и Ихсим, како и селата Иблин, Марзите, Џибала, Бсакал, Нукејир, Хазарин и Фатире во јужното рурално подрачје на Идлиб.

Во реализираниот напад врз населеното место Кефренбил беше погодена болницата за деца и гинекологија Ел Равда.

Бомбардираната болница е уништена во значителна мера и е доведена во неупотреблива состојба.



Слични вести