Турските вооружени сили и турските државни институции ја реновираа болницата во Тел Абјад, во Сирија

Министерството за национална одбрана соопшти дека Турските вооружени сили (ТВС) и турските државни институции ја реновираа болницата во Тел Абјад која од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ беше претворена во нејзино седиште

1313641
Турските вооружени сили и турските државни институции ја реновираа болницата во Тел Абјад, во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и турските државни институции ја реновираа болницата во Тел Абјад, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, која од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ беше претворена во нејзино седиште.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана на Турција се истакнува следното: „Болницата во Тел Абјад која беше претворена во седиште на терористичката организација ПКК/ЈПГ откако е реновирана од страна со поддршка на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и нашите државни институции продолжува да ги лекува раните на нашите сириски браќа. Благодарение на поликлиниката за гинекологија којашто е ставена во употреба бебињата безбедно ги отвораат своите очи кон светот.“



Слични вести