Шумскиот пожар кај градот Санта Барбара во САД им се заканува на 2.400 куќи и згради

Националниот сервис за метеорологија прогнозира дека бурата и дождот коишто се очекуваат оваа вечер во областа ќе го спречат проширувањето на пламените јазици

1313525
Шумскиот пожар кај градот Санта Барбара во САД им се заканува на 2.400 куќи и згради

Шумскиот пожар којшто избувна во северниот дел на градот Санта Барбара во Соединетите Американски Држави (САД) им се заканува на 2.400 куќи и згради.

Портпаролот на противпожарната служба во Санта Барбара Мајк Елиасон во дадената изјава за локалниот телевизиски канал „KEYT-TV“ истакна дека пожарот се проширил на шумска површина од 16 километри.

Засега не можеше да се стави под контрола шумскиот пожар во кој засега нема човечки и материјални загуби, но е издадена наредба за евакуација на 6.300 лица кои живеат во населените места во близина на местото на пожарот.

Како што се истакнува пожарот којшто избувнал завчера во вечерните часови во Националната шума Лос Падрес во северниот дел на градот Санта Барбара, под дејство и на ветрот се проширил на падините и во кањоните на планините Санта Јнез.

Националниот сервис за метеорологија прогнозира дека бурата и дождот коишто се очекуваат оваа вечер во областа ќе го спречат проширувањето на пламените јазици.



Слични вести