Коалицијата во Јемен предводена од Саудиска Арабија пушти на слобода 200 припадници на Хусите

Портпаролот на коалицијата во Јемен предводена од Саудиска Арабија Турки ел-Мелики истакна дека се пуштени на слобода 200 припадници на Хусите

1313467
Коалицијата во Јемен предводена од Саудиска Арабија пушти на слобода 200 припадници на Хусите

Коалицијата во Јемен предводена од Саудиска Арабија соопшти дека се пуштени на слобода 200 припадници на Хусите.

Според веста на официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија „СПА“, портпаролот на коалицијата во Јемен предводена од Саудиска Арабија Турки ел-Мелики изјави дека следат позитивен став по прашањето на размената на заробеници и дека исто така ќе продолжат да го поддржуваат Договорот од Стокхолм за решавање на присутната криза во Јемен.

Малики рече дека во овие рамки се пуштени на слобода 200 припадници на Хусите.

Освен тоа, портпаролот на коалицијата истакна дека во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) ќе се започне со летови од јеменскиот главен град Сана, а со цел лекување во странство.

Мухамед Али ел-Хуси, еден од високите функционери на Хусите, исто така во објавеното соопштение на својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека е дочекано со задоволство пуштањето на слобода на заробениците.



Слични вести