Ангела Меркел: Има потреба од политичка промена во Сирија

Германската канцеларка Меркел истакна дека има потреба од политичка промена во Сирија и дека согласно тоа треба да се работи на новиот Устав

1313246
Ангела Меркел: Има потреба од политичка промена во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел на одржаниот состанок за претставниците на печатот пред остварената средба со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес укажа на состаноците на Уставотворниот комитет за Сирија и напомена дека Германија сака да придонесе во овие активности.

Бидејќи, рече Меркел, има потреба од политичка промена во Сирија и додека дека согласно тоа треба да се работи на новиот Устав.

Таа подвлече дека само тогаш би можеле да се создадат услови во Сирија коишто ќе обезбедат еден ден да се вратат назад во својата земја бегалците од Јордан, Либа, Турција, па дури и од Германија.

Укажувајќи и на тоа дека исто така значаен е и мировниот процес во Либан, Меркел истакна дека се надева оти разговорите коишто се водат во Берлин по ова прашање ќе придонесат за воспоставување на полтиичката стабилност во Либан.

Германската канцеларка наппомена дека тоа е од големо значење за регионот Сахел и за спречување на тероризмот на југот на Либан, а го нагласи и тоа дека ги поддржуваат активностите на Обединетите нации (ОН) и по ова прашање. 

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес исто така истакна дека долго време како продолжува кризата во Сирија и рече: „Болката што ја трпи сирискиот народ е шокантна.“

Гутерес рече дека затоа е значаен Уставотворниот комитет на Сиријја.

Велејќи дека самитот за којшто се планира да се организира по прашањето со Либија ќе помогне за да се изнајде решение, генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес додаде дека воспоставувањето на мирот во Либија значи стабилност за регионот Сахел.



Слични вести